„Јас често кажувам дека во повеќето болници не само во Тетово и во Гостивар, туку низ целата територија на Македонија за жал не се исполнуваат ниту минималните услови за лекување на тешко болни пациенти. И претпоставувам дека тоа што се случувало во Тетово, се случува и во Струмица, во Гостивар, во Охрид, во Гевгелија, така да пациентите најчесто велам самите пациенти го знаат тоа, и знаат дека во тие болници циркулираат слободно луѓе без да се припазат на минимални стандарди и услови кои што се предвидуваат во време на пандемија“, истакна Арбен Таравари во гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител.
Таравари додаде дека по една недела од случувањата во Тетово се е дефокусирано, замислете тема е сега дали ќе се прифати оставката или не. А, оставката треба да биде морален чин која што ја дава некој функционер во одредена ситуација кога е сигурен дека има грижа на совест. И поради тие оставки не се зборува што се случи во Тетово, како се случи, како да им се помогне на семејствата, како да се врати довербата на луѓето во болниците и во другите здравствени установи.
„Оставка е морален чин, и не треба тоа да се дискутира, и треба оставката ако е дадена да се прифати и да се продолжи напред’, рече Таравари.
Таравари посочи дека има за жал 14 починати пациенти, тоа се 14 трагедии, 14 семејства завиени во црно.