среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таравари: Уште денес ќе излеземе од Владата ако се изгласаат уставните измени

Таравари: Уште денес ќе излеземе од Владата ако се изгласаат уставните измени

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека се подготвени уште денеска да ја напуштат Владата, доколку ВМРО-ДПМНЕ тоа го бара за да гласаат за уставните измени.

– Во овој важен период за државата, ако ВМРО-ДПМНЕ кажат дека Алијанса за Албаните треба да излезе од Владата и гласаат за уставни измени, Алијанса не утре, туку денеска целосно ќе ја напушти Владата. Нека кажат, нека направат проширена Влада, нека се изгласаат уставните амандмани, и веднаш одиме на избори, рече Таравари, во гостувањето на „Клик Плус“ на ТВ21.

Оставките на министрите и функционерите на ДУИ, Таравари ги оцени како детска игра.

–  Всушност, овие постапки на ДУИ ми изгледаат многу несериозни, со оглед на сериозното време низ кое минува Република Северна Македонија, во еден многу, многу важен период. Овие игри во најмала рака ми изгледаат многу детски. АА е партија сама по себе и носи свои одлуки во партиските органи на АА, земајќи ги предвид сите околности, волјата на членството, но и на албанските граѓани во Република Северна Македонија, рече Таравари.  (МИА)

Најнови вести