понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Таргет-Тврдина“ повторно одложено, се чекаат Грујовски и Бошковски да седнат на обвинителната клупа

„Таргет-Тврдина“ повторно одложено, се чекаат Грујовски и Бошковски да седнат на обвинителната клупа

Во Кривичниот суд денеска повторно е одложено судењето за случајот Таргет-Тврдина, во кој се обвинети поранешниот директор на тајната полиција, Сашо Мијалков и поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Останаа празни столчињата на Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се во екстрадиционен притвор во Солун. Судот одреди екстрадиција, но тие се жалат на оваа одлука до Врховниот суд во Атина.

Следното рочиште е закажано за 15 мај. Доколку повторно не се присутни Грујовски и Бошковски, судијата Џенета Бектовиќ најави дека ќе бара раздвојување на постапката на овие двајца обвинети од останатите.

-Таму се водат повеќе постапки за нив, така да ќе оставиме на судот да видиме. Постапката е во фаза на жалба на решение на Апелациониот суд во Солун и истата се води пред Врховен суд на Република Грција. Седницата е закажана за 27 април. Минатото рочиште беше одложено поради тоа што Судот побара мислење од Институтот за меѓународно право при Министерството за правда на Р. Грција, изјави адвокатот Петар Василев.

Инаку, во „Таргет – Тврдина“, обвинети се вкупно 12 лица. Случајот се однесува на уништување на два система за прислушување и следење на над 5.000 телефонски броеви.

Најнови вести