четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тасева: Големиот број на приговори за платежните картички покажува дека Владата не била подготвена во издавањето на овие картички

Тасева: Големиот број на приговори за платежните картички покажува дека Владата не била подготвена во издавањето на овие картички

Слаѓана Тасева, универзитетски професор во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ рече дека издавањето на платежните картички од страна на Владата односно големиот број на приговори покажува дека нешто не било добро приготвено од страна на институциите, ниту пак имале доволно јасни информации за граѓаните.

-Очигледно е дека нешто не било добро подготвено во издавање на овие картички затоа што има информации дека многу голем број на граѓани преку 30 000 поднеле жалби односно приговори до Генералниот секретаријат , очигледно е дека тука нешто не било добро подготвено, дека ниту институциите не биле добро подготвени за една ваква операција , ниту пак биле доволно јасни и немало доволно информации за граѓаните да знаат и навреме да ги проверат своите информации. Граѓаните се тие кои има потреба да знаат, а министрите се тие кои сите мерки треба добро да ги објаснат уште на смиот почеток уште пред да се појават било какви сомнежи. Голем пропуст на оваа Влада беше што во носење на уредби не се спроведе задолжителната антикорупциска проверка на уредбите, односно дали тие носат во себа ризок од корупција.Многу работи се носени набрзина за да се одговори на потребите, но се одговара на потребите во услови на предизборие значи се настојува преку мерките да се придобијат граѓаните, кажа Тасева.

Најнови вести