среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Тасева: Обвинителите од СЈО не може да бидат дел од новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Тасева: Обвинителите од СЈО не може да бидат дел од новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Слаѓана Тасева смета дека во Законот за јавно обвинителство мора точно да се утврди кој обвинител ќе го води Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, укажувајќи дека јавните обвинители од Специјалното јавно обвинителство не можат да бидат дел од ова обвинителство бидејќи на тој начин се нарушува системот на хиерархија и субординација.

-Има и тука редица прашања од стварната надлежност на обвинителите кои што работеле во СЈО, па сега се во основното јавно обвинителство. Значи мора тоа прашање да се уреди принципиелно да се знае кој е надлежен обвинител за да води одредена постапка. Не можеме да имаме обвинители од Основното јавно обвинителство кои што ќе водат предмети кои што се од СЈО само заради тоа што ги воделе таму. Затоа што тоа како принцип ги нарушува системот на хиерархија и субординација, вели Тасева во гостување во емисијата Отворено на ТВ 24.

Најнови вести