Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше тужбата за Транспаренси Интернешнл и за нејзе лично која ја добиле по прес конференција која се однесувала за случајот Фени.
Имено таа посочи дека пресудата од таа тужба излегле веднаш откако Транспаренси Интернешнл го објавиле индексот на перцепција на корупцијата и според неа станува збор за оркестрирано атакување и нарушување на интегритетот на тој кој ја пренел пораката од Транспаренси Интернешнл.
-Оваа состојба со објавувањето, тоа е одлука на граѓанскиот суд за тужба поднесена за клевета која што е поднесена против Транспаренси Интернешнл Македонија и против мене како претседател на Транспаренси Интерншнл за прес конфренцијата која што ја имавме за стечајот на Фени и повеќе од две години траеше тој судски процес. На 10 ноември судијата ја објави пресудата, но таа првостепена судска одлука која што не е објавена на веб страна на судот, која што адвокатот на Транспаренси Интернешнл која уште не ја добил од судот, а која што излезе во медиумите утредента после објавување на индексот за перцепција на корупција која очигледно за мене јас го толкувам како оркестрирано атакување и обид за дискредиртација и нарушување на интегритетот на тој кој што ја пренесува пораката. Значи јас ја пренесов пораката од Транспаренси Интернешнл. Ако некој мислел на тој начин да ја брани Владата да ја брани во однос на тоа дека сме толку ниско да покаже од каде сега излезе значи мислам дека не е постигната целта или дека е постигнат спротивен ефект затоа што таа пресуда која е првостепена според која сосема контардикторно Транспаренси Интернешнл нема пасивен легитимитет да биде тужен. Меѓутоа јас сум прогласена за одговорна за клевета и тоа во својство на физичко лице кое од дома дошло пред логото на Транспаренси во канцеларијата на Транспаресни да каже што мисли за Фени. Никој од тие кои ја објавија не кажа дека е тоа првостепена, ниту го дадоа изворот на информации и мислам дека не е добро на тој начин да се одговори на фактот дека ние се наоѓаме на 111 место на индексот за перцепција на корупцијата со тоа што ќе се напаѓа тој кој ја пренел пораката, рече Тасева во своето гостување.