Мила Финска, истопорила седум-осум бедници, партиски директори на школи кои самата ги назначила да и ја бранат лажираната Пазарџик реформа во образованието. Па директорлињава немаат доволно зборови да ја изразат генијалноста на милата им Финска Реформаторка, стои во Фејсбук статусот на Сашо Тасевски.
– Па таа Милата ко ќе почне ко воденица да меле, онака насмеана, мислиш мед и тече од уста, како нејзиниот тим ова, нејзиниот тим она…. Дај бе да ти го видиме тимот еднаш, излези со него во јавност. Чисто да ве запознаеме кои сте. Дали се навистина експерти или само партиски експертутки. Вака имаме погрешен впечаток дека лично ти цвету од Финска со врвот на некогашната социјалдемократска партија го бугаризирате образованието, поточно историјата, пишува тој.