Актерот Сашо Тасевски во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за промената на името кое го направи оваа влада и укажа дека со самото тоа што некој прифатил да преговара на тема идентитет, јазик, историја и така натаму, веќе направил простор за преговарачка позиција.
-Со самото тоа што некој прифатил да преговара на тема идентитет, јазик, историја и така натаму ти веќе си им направил простор на големо бугарските и големогрчките агенди да дојдат со тебе во преговарачка позиција. Ти веќе штом влезеш во преговори тоа подразбира компромиси. Работата е што ние сме доведени во ситуација да попуштаме, они од нас имаат сите барања, а ние немање никакви, исто е и за отстапките, рече Тасевски.
Тасевски во своето гостување на својот соговорник Стојанче Ангелов, кој е коалиционен партнер на Зоран Заев му порача да оди кај Заев и да му предложи веднаш да ги прекине договорите со Бугарија.
-Еве Стојанче ти си во коалиција со Заев и зошто не му кажеш види друже Заев мој предлог е веднаш безусловно да ги прекинеме договорите со Бугарија, затоа што нивната позиција кон нас како држава официјална бугарска државна политика е непријателска, асимилаторска, големо бугарска, шовинистичка и така натаму, кажа Тасевски.