вторник, 19. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тасевски до големите мудреци на СДСМ: Пред да одлучат да ги симнат платите на 14.500, нека дојдат пред „Тинекс“ на една показна вежба

Тасевски до големите мудреци на СДСМ: Пред да одлучат да ги симнат платите на 14.500, нека дојдат пред „Тинекс“ на една показна вежба

Големите мудреци од СДСМ, пред да одлучат денес во владата, дали ќе ги симнат платите на 14.500, би сакал да дојдат пред „Тинекс“, да учествуваат во една показна вежба, замоли актерот и некогаш директор на Драмски, Сашо Тасевски.

Ќе им дадам 14.500 денари, од нив ќе им земам 10.000 за да им платам сметки за март и ќе им речам: Ви останаа 4.500 денари, ај во „Тинекс“ и купете храна за цел месец, ама пази, тоа што ќе го купите тоа ви е за цела фамилија, цел месец. Тоа ќе го јадете. До кога ви стигне до тогаш, после ќе гладувате. Море сметките од џеб ќе им ги платам, да се трошат. Нека купат храна за сите 14.500 денари. Да видат дали и тогаш ќе им стигне храната за три недели. За три недели, не за цел месец. Може така?, прашува тој.

Додава дека нема друг начин да сфатат колку се брутални и без осет.

Потрошувачка кошничка е 32 илјади денари, вие кратките плати на 14.500 и тоа со урамниловка. Кого го возите бе? Кога сте влегле последен пат у маркет. Србија дава 100 евра месечно за секој полнолетен граѓанин. За секој. Словенија покачи плати. Покачи пензии сразмерно. На оние со најмала пензија од 500 евра им дава плус триста. Грција исто. Ама ако. Како да ви кажам. На почеток кога излеговте со глупиот предлог, само десетина луѓе јавно се побунивме. Останатите го лапнаа мамецот за ѓоамити да се покажело солидарност. Сега малку почнаа да ја сфаќаат измамата, ама не се уште баш сигурни дека се превеслани. Така што со таков народ, терајте, искрено ви велам. Не 14.500, платата скратете ја на 8.000. Леб да не можат да си купат, ко ќе ги платат сметките. ТОГАШ МОЖЕ ЌЕ ИМ ДОЈДЕ УМОТ ОД ГАЗОТ ВО ГЛАВАТА, порача Тасевски.

Големите мудреци од СДСМ, пред да одлучат денес во владата, дали ќе ги симнат платите на 14500, би сакал да дојдат пред…

Gepostet von Sasho Tasevski am Dienstag, 31. März 2020

 

Најнови вести