НЕ! НЕ! НЕ! НЕ, вака започна денешниот говор на актерот Сашо Тасевски на протестот „Ултиматум – НЕ Благодарам“ пред Собрание.
Тасевски пред присутните истакна дека францускиот предлог содржи бугарски шовинистрички антимакедонски помии, порачувајќи дека истиот го носи македонскиот народ кон обезличување.
НЕ за бугарски шовинистрички антимакедонски помии, кои ги прошверцуваа во разни европски француски предлози и договори кои треба да го однесат македонскиот народ по патот на обезличувањето, а можеби и исчезнувањето, дециден е Тасевски.
Тасевски упати порака до Бугарија и нагласувајќи дека од Македонец, Бугар НЕ БИДУВА, ниту пак во најлошиот кошмар.
– Еве им порака до нив и до Бугарите: од Македонец Бугар НЕ БУДУВА и во најлошиот кошмар, нагласи тој.
Исто така Тасевски испрати порака и до Ковачевски, Заев, Маричиќ дека може да потпишат секакво предавство, но тоа нема да ги направи поголеми европјани од македонскиот народ, укажувајќи дека се продадени души и робови на Софија.
– Таче, Заев, Маричиќ можете да потпишете секакво предавство, но тоа нема да ве направи поголеми европјани од нас, нема да ве направи ниту понапредни, ниту попаметни. Со тоа само ќе покажете ако потпишете дека сте изродени кукавици кои за пет пари плукнале врз сите залети на нашите прадедовци,. Продадени души кои повеќе никој не сака да ги прекупи. Робови на Софија и Брисел, ете тоа сте вие. Не сакате да бидете Македонци, не ни можете, но треба да знаете една работа Македонија не дава да биде продадена, ако ја продадете ќе ги изгубите и парите и Македонија, порача Тасевски.