петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тасевски до Владата: Со стипендиите на децата на министрите од државна каса ќе имаше ли за по еден компјутер за сиромашните деца?

Тасевски до Владата: Со стипендиите на децата на министрите од државна каса ќе имаше ли за по еден компјутер за сиромашните деца?

Седум месеци имаа да смислат платформа за онлајн настава, ама поважно беше да се рекетираат фирми во време на полициски час и да подготвуваат изборни измами и трговии, пишува Сашо Тасевски на Фејсбук.

-Кога ја направија платформата за онлајн настава, откако ја најавуваа бомбастично, таа излезе како да се појави генералниот на ферари на ТВ и да рече: Еј знаете какво ново ферари измисливме, а бе топ, само што пали на буткање. Ама некогаш и со буткање не пали! Платформата очигледно ја правевте на-две- на-три. Реда ради. Еве работевме набожемски. Па после си симнавте таква од Мајкрософт. И да е само тоа. Немало и компјутер за секое дете. Зашто немало пари во касата. Оти корона криза, ова она…Да ве питам… Колку чинеа стипендиите на синчињата и ќеркичките на вашите министри и функционери, кои им ги покривте од државна каса? Ќе имаше за по еден компјутер за сиромашните деца? Или мораше од мали нозе на најтешкиот начин да научат дека нема да имаат исти шанси за успех во животот во споредба со вашите деца, кои студираат во странство од наш џеб. СДСМ се слушаме? Никогаш ни С не сте знаеле од  социјалдемократија. Пиљарска, бувљак елита, што си прави филмови дека е од Виндзор. Тоа сте, стои во статусот на Тасевски.

Седум месеци имаа да смислат платформа за онлајн настава, ама поважно беше да се рекетираат фирми во време на полициски…

Gepostet von Sasho Tasevski am Sonntag, 4. Oktober 2020

 

Најнови вести