петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тасевски до власта: На денот на независноста избегнувате името да и го спомнете, зашто сте свесни дека тоа СЕВЕРНА го револтира мнозинството етнички Македонци

Тасевски до власта: На денот на независноста  избегнувате името да и го спомнете, зашто сте свесни дека тоа СЕВЕРНА го револтира мнозинството етнички Македонци

Актерот Сашко Тасевски по вчерашната прослава на владата на денот на независноста на Република Македонија сподели статус во кои вели дека на водителот никако да му се испушти зборот Македонија додека ја водел церемонијата.

-На школка за Денот на независноста стотина јадници, а водителот Тноковски никако да му се испушти зборот Македонија. Нашата земја та нашата земја.
Било каде во друга држава за денот на независноста има дефилеа, воени паради, преполни улици со луѓе и цвеќиња. Насмеани лица.
Премиерот на Малта ни честита со Р. МАКЕДОНИЈА, вие од власта и вашите подмочани, бледолики, советници, ја нарекувате Северна дури и во комуникација на фејсбук. Јавно избегнувате името да и го спомнете, зашто сте свесни дека тоа СЕВЕРНА го револтира мнозинството, етнички Македонци.
Прашање: Како планирате да владеете и со кого, кога тоа мнозинство на кого му припаѓате по потекло, органски не ве поднесува?
Во село Волино, полицијата приведуваше луѓе ко стока што би рекол преЦедникот, оти навредувале високи функционери во власта. Така велат.
А бе во време на Тито немало такви брутални јавни апсења. Ќе дошле ноќе и ќе те привеле, никој да не види.
Јас сум за тоа, овие од Волино да ги стрелате, без судење. Зашто светоста на државните функционери треба да биде на рамниште на кравите во Индија.
Жените од ВМРО наводно се поклониле пред струганите шахти. Ако е тоа точно, утре некој просеверен Еским од заебанција ќе ви залепи стикер на ќенеф со знамето од Кутлеш и ќе го иструга. Дали тоа значи дека и пред ќенефот ќе се поклоните?
Така најголемиот државен празник стана ден на национален срам, приватна журка која се слави само во неколку куќи, зад црни завеси на прозорците како во време на тревога пред бомбардирање.
Предлог до власта: Следниот осми септември, да се раздава блага пченица. За душата на покојникот, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести