понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тасевски: Каде она сакавте да одите на 21 јуни ? На избори? Малку е да се каже дека сте неспособни. Вие сте жив зијан…

Тасевски: Каде она сакавте да одите на 21 јуни ? На избори? Малку е да се каже дека сте неспособни. Вие сте жив зијан…

По денешната информација за бројот на новозаразените од коронавирус, актерот Сашо Тасевски ги повика министерот Филипче и д-р Караџовски да излезат и да повторат дека заразата е победена:

Каде она сакавте да одите на 21 јуни ? На избори?

Затоа што прогласивте победа над короната, така нешто беше, нАли?

Пред три дена паѓате во транс на прес, колку јако сте се покажале во борбата со короната, така беше?

Се фалевте до подмочување, колку сте блескале на линијата на одбраната.

Од каде тогаш, денес, 58 новозаразени.

Тоа ви е Новата нормалност?

Кога во регионот дневно имаат НУЛА или по еден новозаразен, а ние ја натфрламе двоцифрена бројка заразени од претходниот ден.

Тоа од првиот ден го кажуваме, не знаете каде терате. Ајде сега пак Филипче и Караџовски да излезат и онака машки да кажат, одлично работиме, заразата е победена… И да не заборават да спомнат дека блескаме.

Малку е да се каже дека сте неспособни. Вие сте жив зијан“, порача Тасевски на Фејсбук.

Што ти се вика кога гориш од желба во матно, среде епидемија, да направиш брзи избори и да останеш на власт, кога знаеш дека никој не те сака, коментира и во следниот пост актерот  Тасевски за власта, откако денес со нови 58 заразени, СДСМ сè уште инсистира на брзи избори.

-Да не се залетавте малку во ѕид со расипани кочници и 300 на саат?
Што ти се вика кога гориш од желба во матно, среде епидемија, да направиш брзи избори и да останеш на власт, кога знаеш дека никој не те сака.
Сега ШУ ПРАЈМЕ, со 58 новозаразени денес?
Дури и таа бројка ја фризирате. Повеќе се.
Комисијата за заразни под итно седнала да заседава. За што бе?
За да си поплачете што ве седнаа блескачите од СДСМ во скут и ве убедија да потпишете дека заразата си оди од кутрава држава, за да одат на избори во јуни?
За тоа заседавате?
Или пак ќе затворате се што отворивте вчера?
А за овие блескачиве, што да се каже. Цело владеење им е пу пу не важи. Она што ќе кажат денес, веќе другиот ден се пишманат или се демантирани од новите настани. Не сте власт, туку вејки на ветрот. Како дувне, така се виткате.
Тоа е типично кога владееш со лаги и лажни вести. Така Забрчанец?, пишува Тасевски

Најнови вести