четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тасевски: Mногубројните провокативни изјави на бугарските политичари што се однесуваат на македонскиот народ треба да се окваливикуваат со вистинскиот збор „ШОВИНИЗАМ“!

Тасевски: Mногубројните провокативни изјави на бугарските политичари што се однесуваат на македонскиот народ треба да се окваливикуваат со вистинскиот збор „ШОВИНИЗАМ“!

Треба јавно, јасно и гласно да се именуваат/оквалификуваат со вистинскиот збор/прецизен термин, дејствувањето и многубројните провокативни изјави на бугарските политичари што се однесуваат на македонскиот народ: ШОВИНИЗАМ!, пишува на социјалната мережа на Фејсбук македонскиот поет, книжевен критичар и есеист Јовица Тасевски.

-Треба јавно, јасно и гласно да се именуваат/оквалификуваат со вистинскиот збор/прецизен термин, дејствувањето и многубројните провокативни изјави на бугарските политичари што се однесуваат на македонскиот народ: ШОВИНИЗАМ! Бугарскиот шовинизам, сочинет од анахрони, негаторски и омаловажувачки изјави за сѐ што е самобитно македонско, неизбежно поттикнува анимозитет и антагонизам на Македонците кон Бугарија и кон бугарскиот народ. Едноставно, со шовинистичкиот однос кон македонскиот народ, бугарските политичари денес за жал создаваат непријатели и од пријателите, односно поттикнуваат одбивност и ги преобразуваат во непријатели и оние кои немале анимозитет кон Бугарија и кон бугарскиот народ, пишува Тасевски во својата објава.

Најнови вести