среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таткото на Боки 13 призна дека го нападнал свештеникот

Таткото на Боки 13 призна дека го нападнал свештеникот

Таткото на Бојан Јовановски- Боки 13, Миле Јовановски денеска во Кривичниот суд одговара за нападот врз свештеникот Виктор Стојчев.

Јовановски пред судот призна дека е виновен.

-Има многу големо сомневања кај мене дали сум виновен или не, но сепак го признавам делото, рече тој.

Свештеникот Стојчев соопшти дека има оштетно побарување, а обвинителката во завршните зборови побара Јовановски да биде казнет според законот.

Адвокатката на обвинетиот рече на рочиштето дека Стојчев имал допринос кон инцидентот оти претходно го навредил синот на Јовановски. Таа истакна дека Јовановски е невработен, во лоша здравствена состојба, а првпат е во судир со законот.

Пресудата ќе биде во понеделник, 18 ноември 2019 година.

Најнови вести