среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таткото на малата Ева: Ако не се лечи како што треба, зар тоа не е убиство?

Таткото на малата Ева: Ако не се лечи како што треба, зар тоа не е убиство?

„Ако не се лечи како што треба, што мислите, зарем тоа не е убиство? Министерот не можеше да ме удостои со една средба, ми се јави секретарката негова, ми рече тука беше финансискиот  директор, со министерот разговараа и рекоа, платете ги средствата и потоа ќе ви ги рефундираме. Јас ако имав да ги платам тие средства зарем ќе ги молев нив? Сега ќе бев заминат за Германија. Не сега и претходно ќе бев заминат за Германија! Кој тука ќе собере 200.000 евра?

Ова денеска за телевизија Алфа го изјави таткото на починатото девојче Ева Крстаноска, Благојче Крстановски кој скршен од тага и болка едвај зборуваше.

11годишната Ева Крстаноска од охридското Коњско не ја издржа едногодишната борба со реткиот вид леукемија. Девојчето требаше итно да замине на лекување во странство. За операцијата во Германија беа потребни 200.000 евра, а Фондот за здравство одобри само 145.000 евра.

Најнови вести