Гоце Филиповски, таткото на прободеното момче во дискотеката во Марино, на Фејсбук пишува дека додека неговиот син се бори за живот, напаѓачот се шета слободно.
„Филип се уште се бори, мора да победи, силен е тој и знам дека и добрината што ја има како и подршката на илјадници луѓе ќе помогне да издржи. УБИЕЦОТ се шета слободно, да УБИЕЦ и тоа БРУТАЛЕН. Да го наречам човек – не можам. Убиство без причина човек не може да направи. Филип засекогаш ке мора да живее без бубрег и слезина, органи што му ги одзеде МОНСТРУМОТ. Верувам дека институциите на државата ќе го сместат УБИЕЦОТ таму каде што му е место прво заради задоволување на правдата и второ за сите други млади луѓе да можат безгрижно да си го минуваат најубавиот период од нивниот живот, за родителите да можат да спијат мирно, а не да чекаат дали ќе се врати нивното дете живо и здраво. ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ПОДДРШКАТА“-напиша тој.