сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТАВ: Нови рестрикции за патниците кои патуваат во Германија, Франција, Холандија и Швајцарија- ова мора да го имате на ум!

ТАВ: Нови рестрикции за патниците кои патуваат во Германија, Франција, Холандија и Швајцарија- ова мора да го имате на ум!

Скопскиот аеродром ги објави новите рестрикции за патниците кои патуваат во Германија, Франција, Холандија и Швајцарија, во продолжение и нивниот статус на Фејсбук:

-Почитувани патници,

🌍✈✅Согласно најновата одлука на Владата на 🇳🇱Холандија, би сакале да ве известиме дека сите патници кои патуваат во Холандија со авионски превоз или по морски пат од високо ризични зони мора да имаат негативен резултат на брз 🦠🧪КОВИД-19 тест направен кратко пред заминувањето. Тестот не смее да е направен порано од пред 4 часа пред качување во авион.
Ова барање е како дополнување на веќе постојното барање за задолжителен негативен резултат од 🧪PCR тест направен не порано од 72 часа пред пристигнувањето во Холандија.
⚠️Овие мерки стапуваат на сила од сабота, ‼23-ти јануари, 2021 година, во 00.01 часот, а се однесуваат и за оние кои патуваат до Карипските делови на Холандија.
👉За повеќе информации, ве молиме отворете го линкот од официјалното известување од веб-страницата на Холандската Влада: https://www.government.nl/…/lockdown-measures-tightened…
👉Доколку имате дополнителни прашања, пред да пристигнете на Меѓународниот Аеродром Скопје, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на Холандија во Скопје: https://www.netherlandsandyou.nl/
🌍✈✅Согласно најновите информации што ги добивме од Граничната полиција на 🇩🇪Германија, ⚠️од недела, ‼24-ти јануари, 2021 година, од полноќ, патниците кои заминуваат од Република Северна Македонија, Косово и Албанија, во Германија, мора да имаат негативен 🦠🧪КОВИД-19 тест не постар од 48 часа пред пристигнување.
➡️Резултатот од тестот треба да биде на германски, англиски или на француски јазик. Се прифаќаат PCR-тестови, LAMP (loop-mediated isothermal amplification) и TMA (transcription-mediated amplification) тестови.
👉Ве молиме отворете ги линковите подолу за подетални информации во врска со тестовите коишто се прифаќаат во Германија:
👉Тестови што се прифаќаат во Германија: https://www.rki.de/…/N/Neuartiges_Coronavirus/Tests.html
👉Антиген тестови се прифаќаат доколку ги исполнуваат барањата за квалитет на СЗО: https://www.rki.de/…/Archiv_Tests/Test_05012021_en.pdf… и тука
https://www.who.int/…/antigen-detection-in-the…
➡️Германските власти дополнително известуваат дека негативниот резултат од КОВИД-тестот задолжително треба да биде во хартиена (печатена) или пак дигитална форма, со тоа што производителот на антиген тестот мора да е видлив на документот.
👉На следниот линк, ве молиме проверете кои држави Германија ги дефинира како ризични: https://www.rki.de/…/Risikogebiete_2021-01-17_en.pdf…
👉Доколку имате дополнителни прашања, пред да пристигнете на Меѓународниот Аеродром Скопје, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на Германија во Скопје: https://skopje.diplo.de/mk-de
🌍✈✅Согласно најновите информации што ги добивме од Амбасадата на 🇨🇵Франција во Скопје, ‼од 18-ти јануари 2021 година, сите патници кои заминуваат од Република Северна Македонија (како и државјани на сите држави кои не се членки на ЕУ) до Франција, задолжително треба да приложат негативен 🦠🧪PRC тест, не постар од 72 часа.
➡️Ова правило на Француската Влада исто така се однесува и е применливо и за ‼францускиот дел од 🇨🇭Швајцарија, што значи дека истото ќе се применува и за дестинацијата Базел. Во моментов, летот од Скопје до Париз не сообраќа, но кога ќе почне да сообраќа, ќе се применува ова правило.
👉За повеќе информации, пред да пристигнете на Меѓународен Аеродром Скопје, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на Франција во Скопје: https://mk.ambafrance.org/, стои во нивниот пост на Фејсбук.

‼КОВИД-19 – ИЗВЕСТУВАЊЕ: НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА ПАТНИЦИTE КОИ ПАТУВААТ ВО ХОЛАНДИЈА, ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА/ШВАЈЦАРИЈА…

Posted by Skopje International Airport – SKP on Петок, 22 јануари 2021

Најнови вести