среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТАЖНА ВЕСТ, ГОЛЕМА ЗАГУБА ЗА МАКЕДОНИЈА: Почина Сабина Ајрула Тозија

ТАЖНА ВЕСТ, ГОЛЕМА ЗАГУБА ЗА МАКЕДОНИЈА: Почина Сабина Ајрула Тозија

По долго и тешко боледување, на 75-годишна возраст почина познатата македонска актерка Сабина Ајрула Тозија, пренесе ПлусИнфо.

Таа беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена и препознатлива по својот актерски физикус и вонредниот талент.

Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“), а играше и во познатата турска серија „Величенствениот“.

Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери, а има играно заедно и со многу познати југословенски актери.

Најнови вести