Утрово на 67-годишна возраст ненадејно почина поранешниот пратеник во првиот состав на Собранието на независна Република Македонија од редовите на СДСМ, Ристо Масев – Ичо од Струмица.
Посмртните останки на Масев ќе бидат изложени утре (Понеделник, 12 Декември) од 12:00 до 14:00 часот во Градската капела во Струмица, а погребот ќе се изврши во 14:00 часот.