петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Телефонот на Јанева бил пронајден кај девојката на нејзиниот син

Телефонот на Јанева бил пронајден кај девојката на нејзиниот син

Телефонот кој специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева наводно го изгубила, бил пронајден кај девојката на нејзиниот син. Информацијата ја објавува порталот а1он повикувајќи се на извори од истрагата.

Кога Обвинителството го пронашло телефонот образложението било дека тој бил подарен. Претходно како што обелодени обвинителката Вилма Русковска, синот на Јанева тврдел дека телефонот е изгубен во Белград.

Извештајот од вештачењето на едниот телефон е веќе во рацете на Русковска, но детали не се соопштуваат. Вториот телефон кој е пронајден веднаш е даден на вештачење.

Инаку Јанева која официјално беше на боледување, вчера беше снимена во скопски салон за убавина, а денеска се појави на работното место во СЈО.

Најнови вести