петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Телма“: Доцни обештетувањето на преку 16.000 земјоделци

„Телма“: Доцни обештетувањето на преку 16.000 земјоделци

Над 16.000 земјоделци од земјава ги чекаат штетите од минатогодишните доцни пролетни мразови. Штетите на овошните и лозовите насади и на останатите култури беа големи, а во одредени региони  земјоделците немаат род, објавува телевизија Телма.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски на средба со земјоделците од истокот забележа  дека исплатата ќе се изврши наскоро, бидејќи станува збор за обемна постапка, која требало да ја завршат сите институции.

-Николовски најави дека и од понеделник во собраниска процедура влегуваат и законските измени за законот за земјоделство и рурален развој, со што е предвидена и мерката за зелена нафта за земјоделците. Денешниве податоци на министерството за финансии покажуваат дека за 12,75 % се зголемила и платата во земјоделскиот сектор, во јануари изнесувала 16.700, а овој месец платата на еден земјоделец е 18. 800 денари, објави Телма.

Најнови вести