вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Телма: Новиот мандатар ќе биде партиско, а не експертско решение

Телма: Новиот мандатар ќе биде партиско, а не експертско решение

На средбите кои Заев ги имал со ЛДП и Демократскиот сојуз се разговарало за можните наследници на премиерската функција. Во текот на наредната недела ќе заседават и највисоките партиски тела на СДСМ кои треба да се произјаснат за оставката. Заев им соопштил дека не отстапува и дека ќе си замине и од функцијата претседател на СДСМ. Очекувањата се дека за неколку дена ќе биде познат и новиот мандатар а новата Влада ќе се формира за 10 дена.

Претседателот на ЛДП Горан Милевски бара да се изврши ревизија на сите слабости на Владата, а во однос на парламентарното мнозинство сѐ уште не е договорена соработка со Алтернатива.

Во Алтернатива молк. Оттаму соопштија само дека деновиве ќе заседаваат органите на партијата по што ќе го кажат својот став. Сите гласини во јавноста ги оценуваат како шпекулации и обиди да се врши притисок врз партијата. ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Заев да си поднесе оставка и да се организираат брзи предвремени избори, барање кое вчера експресно беше одбиено од СДСМ и неговите коалициски партенри.

Од владејачката партија велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема мнзоинство за да добие мандат за формирање Влада, па затоа Мицкоски барал предвремени избори. Во партијата работат на решенија и одлуки со кои СДСМ ќе се реорганизира со единствена цел да продолжат да му служат на народот на највисоко можно ниво, како и тоа да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го оджува реформскиот и прогресивниот курс на земјата.

Најнови вести