четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тендери фрчат во РЕК, а светлото во државата го држи само еден багер

Тендери фрчат во РЕК, а светлото во државата го држи само еден багер

РЕК Битола за своите потреби врши набавки од најразлични фирми, но една фирма со која државното претпријатие соработува во изминатите години се издвојува од сите останати. Компакт МСФ е фирма за производство, трговија на големо и мало и услуги која за време на своето долгогодишно работење, па се до денес тендери добива само од РЕК Битола. Сопственичката на фирмата и нејзиниот сопруг се вработени во рударско-енергетскиот комбинат. Фирмата благодарение на добиените тендери од РЕК Битола досега инкасирала околу 1 милион и 900 илјади евра.

Од 2017-та година оваа мала компанија, „КОМПАКТ МСФ“ ДООЕЛ Битола, редовно добива тендери од загубарот РЕК Битола, толку редовно што само лани и годинава се 20 на број.

На сите договори со РЕК Битола како директор на фирмата до март 2020 година е потпишана Летка Фидановска. Од изминатата година таа фигурира само како сопственик на фирмата. Фидановска во моментов работи во РЕК Битола, а нејзината фирма продолжува и понатаму да добива тендери. Фирмата добива тендери и покрај тоа што нејзиниот сопруг Менде Фидановски станува лидер на синдикалната организација на РЕК Битола во 2018 година. Токму во изминатите три години Компакт МСФ има и најплодна соработка со рударско-енергетскиот комбинат, ако се суди според бројката на добиени тендери.

Откако Фидановски е првиот човек во борбата за унапредување на првата на работниците во РЕК Битола, фирмата на неговата сопруга добила 43 тендери. Нивната вкупна вредност е околу 1 милион и двеста илјади евра. Претходно од 37 тендери во рок од пет години Компакт МСФ наплатила пониска сума од околу 650 илјади евра.

За време на целото нејзино постоење фирмата досега скучила еден тендер во 2014 со психијатриската болница Демир Хисар за набавка на метални шкафови во вредност од 500 евра. Додека пак името на фирмата е запишано и на четири тендери на ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕСМ Скопје која всушност заедно со РЕК Битола е дел од семејството на АД Електрани на Македонија. Тендерите се во вредност од околу 44 илјади евра. Сите останати милион и стотици илјади евра за целокупното нејзино работење Компакт МСФ ги наплатила преку РЕК Битола.

Откако во 2017 година мандатот на синдикалната организација на РЕК Битола завршува бидејќи биле распуштени сите извршни одобри, Јасмина Димовска, вработена во комбинатот со како што вели собрани 2500 потписи станува претседател на новоформираниот синдикат. Во декември 2017 година во Централниот регистар е извршен уписот на синдикалната организација, а како овластено лице е наведена Димовска, според документацијата која таа ни ја достави. Но, како и самата тогаш кажа беше сменета по неколку месеци на каубојски начин, бидејќи додека беше на приватно патување надвор од земјата Менде Фидановски се прогласи за претседател.

„Во 2018 година одам во Швајцарија и на тогашниот директор на РЕК, Битола Васко Ковачевски му текнува како да е на татко му фирмата да ме смени со Менде Фидановски за да му оди бизнисот затоа што има многу пари на синдикалната сметка“, изјави тогаш Димовска.
Таа додаде дека фунцијата синдикален лидер носи и дополнителни двеста евра плата. Во еден момент се водеше и судски процес, како што вели Димовска за узурпирање на синдикатот.

Во моментот државата влегува во инфлаторна спирала, цените на сите производи одат нагоре, поскапено е се во продавниците, брашното, лебот, зејтинот, бензините а ни претстои и нова енергетска криза.

Па така, додека на Македонија и се заканува енергетска криза каде се најавува дека цената на електричната енергија драстично ќе порасне, а со тоа и цените на основоните продукти за живот кои им се потребни на граѓаните, во РЕК Битола си фрчат тендери од стотици илјади евра, а светлото во државата го држи само еден багер.

Најнови вести