недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тензично на конгресот на НСДП – ќе има ли Мисовски противкандидат?

Тензично на конгресот на НСДП – ќе има ли Мисовски противкандидат?

Петтиот конгрес на НСДП на кој треба да се избере нов претседател на партијата се одржува денеска. Атмосферата е тензична и има видливи несогласувања меѓу двата табори: оној на Горан Мисовски во кој е и Соња Мираковска и оној на Кристијан Трајковски, кој ја има поддршката на Тито Петковски.

Петковски е против тоа да има само еден единствен кандидат за претседател на партијата. Вели дека видливо е дека состојбата во партијата е доста конфликтна поради аспект на, како што рече, асипрации на некои луѓе кои подолго време се во партијата.

Мисовски пак се држи до одлуката на Централниот одбор тој да биде единствен кандидат и му порача на Петковски дека и Црвенковски, Бучковски и Заев си заминале од СДСМ, па партијата продолжила да постои.

Најнови вести