четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тензии меѓу извршната и судската власт во Македонија: Јовески ѝ го возврати “ударот“ на Грковска!

Тензии меѓу извршната и судската власт во Македонија: Јовески ѝ го возврати “ударот“ на Грковска!

Во синоќешното издание на емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма гостуваше Славица Грковска вицепремиерка задолжена за борба против корпуцијата.

Таа изјави дека има свој став за унапредувањето на Љубомир Јовески и дека таа не се согласува тој да биде Уставен судија.

„Јас имам свој став околу предлогот за унапредување на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески за Уставен судија и јас не сметам тека треба да биде уставен судија“, кажа Грковска.

Грковска смета дека тој не треба да биде уставен судија поради непостигнатите задачи на таа функција.

„Сметам дека она што како републички јавен обвинител требаше да го постигне на таа позиција не го постигна и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како Уставен судија“, посочи Грковска.

Овие ставови, актуелниот  јавен обвинител  ги смета како атак врз самостојноста и  мешањето  во работата на обвинителството од страна на извршната власт. Државниот обвинител во отворена реакција смета дека се неосновани, паушални и неточни оценките за неговата и за работата на Јавното обвинителство кои вицепремиерката Славица Грковска ги изнесе на синоќешното интервју за „Топ тема“.

Во својата реакција шефот на републичкото јавно обвинителство пишува:

„Повеќепати сум барал и сум инсистирал сите политички и други чинители да ги тргнат рацете од Обвинителството. Како јавен обвинител, но и во името на другите јавни обвинители, укажувам дека нема да прифатиме улога на ученици во која некој ќе ни кажува кој треба и по кој член да одговара ниту, пак, да кажува кој, каде и како треба да биде избран. За ова постојат прописи“.

Тој го “возврати ударот“, па испрати јавни поплаки и критики за работата на Владата во борбата против корупцијата и криминалот.

Според него, не се точни ниту тврдењата на Грковска дека се обезбедени сите услови за ефикасна борба против криминалот и корупцијата. Јовески укажува дека секоја година на нивната сметка недостигаат парите кои Владата е законски обврзана да им ги префрла.

„Во земјава има помалку од девет обвинители иако според Европската комисија за ефикасност на правдата, во европските земји, тој просек изнесува 12 обвинители на секои 100.000 жители. Состојбата не е подобра ниту кај јавнообвинителската служба, на што укажувам во сите мои јавни настапи. Доколку Грковска го посети Јавното обвинителство, изворно ќе биде информирана и за состојбата и за потребите за функционирањето на истражните центри“.

 

Најнови вести