Иако дел од провладините активисти и предходно го напаѓаа за неговите критики кон владата францускиот амбасадор Тимоние деновиве бил мета и на навреди откако на премиерот, СДСМ и ДУИ експлицитно им порача дека прво треба да ги решат проблемите а потоа да чекаат датум.
Откако прво пред десетина дена умерена јавна критика кон него и Франција упати Сашо Ордановски деновиве неговиот брат Ванчо, кој е активен поддржувач на владините политики, со директни навреди кон францускиот дипломат и сите Французи.
Профилот @mindplumber зад кој стои братот на Ордановски на Твитер вели дека Тимоние е неспособен и користи стереотип за Французите кои ги навредува дека не водат сметка за личната хигиена.
“Тој Тимоние да бил асален ќе добиел амбасадорско место во Вашингтон а не у Скопје, да ни кења овде.
Гоние се бре у лепу пиучку матер иди таму да си смрдиш со твоите…” пишува Ордановски во навредливиот твит за Французите и амбасадорот Тимоние веднаш откако тој порача дека и во октомври датумот за ЕУ е тешко достапен.