Во куќа во центарот на Куманово, на улицата „Никола Карев“ живее сама 52-годишната Лидија. Таа е неподвижна, болна, а за оваа стара куќа плаќа кирија. Греењето не го пушта бидејќи нема со што да плати. Студените денови ги поминува покриена со три или повеќе ќебиња, објави ТВ 21.
Укината и е социјалната помош. Одговорот бил дека дека не е способна за работа и дека зема паричен надоместок за помош и нега од друго лице, во висина од 4.300 денари месечно.
Со тие пари Лидија треба да ја плати и киријата.
Лидија не може да ги купи потребните лекови бидејќи тие 4 илјади денари не и се доволни ниту за храна и со нив ја плаќа киријата, информира телевизијата.
Бара од сите хуманите луѓе да и помогнат со храна и со плаќањето на киријата.
Контакт Лидија: 078-205-314