Од интерни извори, дознаваме дека и вториот компјутер во Градската болница „8-ми Септември“ не е во функција. Така да, болницата нема ниту еден компјутер да работи со што пациентите се оставени сами на себе, бидејќи не може да се дојде до нивна дијагноза.
Лекарите се надеваат дека денеска вториот компјутер ќе се поправи иако се сомневаат бидејќи за првиот уште чекаат. Дури предвидуваат дека и за овој ќе се чека подолго време, околу 3 месеци ако цевката на компјутерот е дел од кварот.
Овие компјутери односно компјутерски томографи се многу важни бидејќи преку нив се доаѓа до дијагноза на заболени пациенти со што потоа им се одредува соодветна терапија за лекување. Сега, за жал, пациентите се оставени сами на себе и не можат да ја дијагностицираат болеста од која боледуваат.
Филипче и за ова молчи, бидејќи пракса во неговото министерување стана да се затскриваат скандалите и неговте грешки од очи на јавноста, да прикаже дека сме блиску до здравствениот систем кој што го има Словенија.
Но, според овие скандали што ни се случуваат во здравството, само потврдуваат дека сме светлосни години далеку од здравствениот систем на Словенија.