Министерот за финансии Драган Тевдовски денес изјави дека владата планира да го зголеми данокот на доход од досегашните 10% на 18% за сите граѓани кои имаат месечни приходи над 1000 евра. Тевдовски од денешниот форум „Македонската економија визија и дилема“ рече дека процесот ќе отпочне во април со дебата за прашањето.
Покачувањето на стапката на данокот на доход ќе влијае негативно врз бизнис климата во државата и ќе ја намали атрактивноста на земјата за инвестирање. Дополнително кај поголемите даноци секогаш постои опасност за зголемена даночна евазија, односно појава на голем број на субјект, кои ќе се решат наместо да платат данок да не ги пријават своите примања и со тоа државата губи значаен дел од своите приходи.
СДСМ уште во својата предизборна програма најави дека планира покачување на даноците.
Според економистите кои ги консултиравме, постои опасност дека со прогресивното оданочување може да дојде до зголемена даночна евазија, демотивирање на високопродуктивни професии, особено оние кои се конкурентни на меѓународниот пазар, како што се ИТ професионалците, фин-тек професионалци и лекари.
Тевдовски промената на даночната политика ја оправда посочувајќи дека приходната страна на буџетот е најмала во Македонија и во Косово од регионот. Тој додаде дека во Македонија има простор да се преземат мерки за приходната страна и потсети дека Албанија ја зголеми даночната стапка за 13% и 23%.
Треба да се напомена дека стапка на прогресивен данок применуваат економски развиените држави, и оние кои имаат мало ниво на невработеност. Примената на истата кај државите во развој влијае дестимулативно врз бизнисот.
Нискиот данок воведен од ВМРО-ДПМНЕ – причина за економскиот раст
Стапката на рамен данок од 10% како за данокот на доход, така и за данокот на добивка беше воведена од ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година. Претходно нивото на оданочување беше 24%, по што во два наврати беше намалено на 18%, па на 15% и на 10% во 2008 година. Ова допринесе за подобрување на бизнис климата во Република Македонија и беше една од мерките која влијаеше на привлекување на странски и домашни инвестиции. Таквата мерка тогаш беше поздравена и од граѓаните и од бизнис заедница.
Политиката на ниски даноци допринесе Република Македонија да стане држава со ефективна даночна стапка од 7.4%, која е една од најниските во светот.
Во тој десетгодишен период од 2006 до 2017 година, како последица на добрите економски политики стапката на невработеност падна од високите од транзицијата наследени над 38% до сегашните под 23%.
Со повторното покачување на стапката на данок на доход, се влијае на влошување на бизнис климата и ќе се намали интересот за инвестирање во државата. Ова ќе ја влоши позицијата на Република Македонија на светските економски индикатори како „Доинг бизнис“, а со самото тоа државата ќе паѓа во очите на странските инвеститори.
Република Македонија стана држава со ефективна даночна стаапка од 7.4%, која е една од најниските во светот.