Министерот за финансии Драган Тевдовски изјави дека од април ќе започне дебатата за воведување прогресивно оданочување.
Министерот во Владата на Зоран Заев, најавува дека во месецот кој почнува за неколку дена, ќе се дебатира, а по овие дебати се очекува покачување на даноците за македонските граѓани.
Со воведување на прогресивно оданочување се предвидува за секој приход остварен над границата од илјада евра да се плаќа данок од 18 проценти. Според Тевдовски, приход од над илјада евра во Македонија остваруваат околу два отсто од граѓаните.
Тој на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“ посочи дека данокот на доход на приход до илјада евра ќе остане ист, односно 10 отсто.