петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тик-так, тик-так: Боки 13 бара средба со Јовески за да му каже сè што знае за Вилма Рускоска

Тик-так, тик-так: Боки 13 бара средба со Јовески за да му каже сè што знае за Вилма Рускоска

Рочиштето за “Рекет“ беше прекинато прекинато откако и Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева се пожалија дека не им е добро. Првообвинетиот, на крајот на судското рочиште на судијката Николовска-Масевска, на лист хартија, ѝ предаде на рака напишано писмо до републичкиот обвинител Љубомир Јовески.

-Барам да бидам изведен пред Републичкиот обвинител. Се работи за наводите за кривичните пријави што ги најавив, рече Јовановски потенцирајќи дека, меѓу другото, станува збор и за пријавата за обвинителката Вилма Русковска.

Тој јавно ја обвини велејќи дека има несоборливи докази за корупција тешка 4 милиони евра.

Обвинителката Вилма Русковска и денеска, уште еднаш вадејќи се повика секој кој има сознанија за корупција да пријави. Следното рочиште е закажано за утре.

 

Најнови вести