Одблиску ќе ја следиме аферата Рекет и развојот на настаните. Треба институциите подобро да дејствуваат, институции кои функционираат, особено ќе ја споменам комисијата за борба против корупцијата која што разгледува одредени предмети дури и комплицирани предмети кои повикуваат високи функционери на власта. И веројатно постои простор за прочистување. И не треба само да се обвинува судскиот систем за она што го прави туку треба своевидна автодисциплина и рестрикција која е недоволна во политичкиот систем во однос на судскиот систем, ова во интервју за македонското радио го истакна францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.
-Судскиот систем треба да има храброст да се спротивстави на политичкиот систем. Посакувам стабилност во оваа земја, и не може преку нестабилност и преку решавање на лични сметки дека ќе се создаде клима за европеизација. Не сакаме ниту култура на неказнивост која донесе застарување на СЈО, потенцира Тимоние.
Тој додава дека мандатот кој беше даден од граѓаните но и поддршката на меѓународната заедница за промени во земјата во 2016та ќе бидат оправдани само преку суштински и длабоки реформи, а не да се затвараат очите пред злоупотребите и да се задржи тој перверзен систем кој што не е европски.