Успешни претседателски избори без манипулации и слободно изразена волја ќе биде многу важна работа. Со тоа ќе се сврти страницата од 27 април и ќе се покаже дека земјата е зрела да забрза по Европскиот пат, изјави денеска во Велес францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Францускиот амбасадор, меѓу другото, посочил дека патот на нашата држава кон ЕУ не е воопшто лесен, бидејќи сме исправени пред голем број на услови, но услови, ко што вели, дека се добри за вас.
– Ние токму тоа сакаме да го направиме, да ве придружуваме на тој пат. Да ви помогнеме заедно чекор по чекор да напредуваме. Но, за да се постигне тоа потребно е сепак чувство за национално единство, но и чувство за национален интерес. Воедно тука се и одредени рокови коишто треба да бидат исполнети со изгласување на одреден број закони во Собранието. Ние со нетрпение очекуваме сите тие закони да бидат изгласани, но и да се увериме дека оние закони коишто беа изгласани од пред неколку месеци се спроведуваат. На добар пат сте, но потребно е сега да се забрза темпото, потенцира амбасадорот Тимоние.