Поранешниот претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев денеска е повикан на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Моќник“.
Случајот „Моќник“ СЈО го најави во март годинава и се однесува за пратеникот Антонио Милошоски кој бил многу влијателен во времето кога се случил настанот, неговиот татко и тогашниот градоначалник на општина Македонски Брод.
За ова дело вкупно се товарат 13 лица.
Според СЈО, пратеникот го навел градоначалникот да го изманипулира Советот на општина Македонски Брод и на неговиот татко да му го продаде објекот во село Ижиште во кое била сместена општина Пласница и бил сопственик на Република Македонија. Тој ги изманипулирал советниците и им рекол дека му е даден на 30-годишна концесија на таткото на пратеникот и дека сака да отвори таму приватен бизнис.
За продажба на објектот било организирано јавно наддавање кое градоначалникот не го објавил во Службен весник и единствено на него се јавил таткото на пратеникот кој го купил објектот за 670 денари повеќе од почетната цена. Потоа со измама во катастар успеал да го внесе објектот на свое име, а му било продадено и државно земјиште по цена од 100 денари за метар квадратен иако пазарната цена изнесувала 400 денари. На тој начин се стекнал со противправна имотна вредност од милион 795.800 денари, како и милиони 176.000 денари за купување на земјиштето.
Кога разбрал градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јајовски дека е продаден објектот во кој е сместена општината побарал од Владата да ја испита ситуцијата, и комисија утврдила дека се направени многу пропусти при продажбата и дека општината продала имот што е на државата.
За да му се одмазди на градоначалникот Јајовски, пратеникот му праќал инспекции во неговата компанија „Пуцко петрол“, а на судијата кој го судел случајот го лустрирал и му било забрането да ја врши дејноста.