среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Томор Морина останува во затвор до понеделник, политиката го спречува неговото ослободување?!

Томор Морина останува во затвор до понеделник, политиката го спречува неговото ослободување?!

Пропадна можноста за ослободување на Томор Морина од затвор денес, велат за весникот Лајм, албански извори од судот.

Според нив, минимални се шансите тој да биде ослободен до крајот на денот.

-Со оглед на тоа што утре е празник во Македонија, тогаш со сигурност Томор нема да биде ослободен до понеделник. Ако има волја, може да се ослободи во сабота кога ќе има дежурни судии, изјавија изворите на Лајм.

Тие посочуваат дека се било подготвено тој да биде ослободен денес, но неговото ослободување пропадна поради „политичко мешање“.

-Неговиот случај го злоупотребува субјект кој по секоја цена сака да добие политички поени. Ова е нехумано, велат истите извори, кои сакаат да останат анонимни.

Во меѓувреме, Лајм дознава дека меѓународниот фактор во Скопје сеуште врши притисок за Томор да се ослободи денес до крајот на денот. Меѓународните сметаат дека Македонија непотребно ги комплицира односите со најблискиот сосед на Косово.

Најнови вести