Една порака до оние кои се препознаваат како Социјалдемократи…
Предавството не се мие, останува како нечиста совест и таквата немир ќе ја наследат и вашите деца. Тоа е жезолот кој секој еден што ќе гласа им го предава на идните поколенија.
Македонија била предавана, ама ги надживеала предавниците. И вас ќе ве надживее. Вие со наведнати глави довека, а ние со нашата борба за Македонија за навека.
Јуда предаде со бакнеж, а Ковачевски со насмевка. Ама од судбина не се бега.
Нема алал од тоа што гордо, достоинствено и со насмевка ја ПРОДАВА Македонија!
Ние речиси сите се знаеме и се препознаваме во ова наше парче земја. И утре ќе се сретнеме. Не дозволувајте да шетате со наведнати глави поради лудоста и предавството на човекот кој ви ја води партијата. Затоа што има моменти кога е најважно кој на која страна бил. И затоа вие сте на потег да го спречите ова зло кое има име и презиме.
Ковачевски не е вечен, но Македонија да!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.