вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тони Михајловски: Културата ни се распаѓа, како и сè останато

Тони Михајловски: Културата ни се распаѓа, како и сè останато

Приказната за пропаѓањето на Прилепскиот театар викендов ја разбранува јавноста.

Глувци шетаат на сите страни, умираат скриени по кошињата, кога врне често пати тече вода во голем дел од просториите, последен пат пред 4 дена. А водата доаѓа во допир и со електричната инсталација. Таваните се урнати, ѕидовите испукани, прашина, нем и мувла на сите страни. Ова се катастрофалните услови во кои работат актерите во прилепскиот театар, кој што е изграден пред повеќе од 60 години, рекоа актерите во прилогот кој беше емитуван во текот на викендот.

Актерот Тони Михајловски реагираше на оваа тема и на својот фејсбук профил напиша:

„Градот во кој се одржува најголемиот и најзначајниот театарски фестивал во Република Македонија, нема театар. Има, но подобро да го нема, ваков како што го има. Колегите работат во услови под сите стандарди.
Слична беше ситуацијата со МНТ во старата зграда која ја наследи Театар Комедија. Шуга, влага, мувла, промаја и зараза од глувци и мачки.
Битолскиот театар е всушност во зградата на Дом на Култура. Театар нема.
Кумановскиот е сведен на ниво на драмска секција. Една македонска и една албанска. Условите се слични како во прилепскиот.
Драмски театар се крпи за да не падне. Театар за Деца и Младинци не е театарска зграда туку импровизација со минијатурна сцена и 4 столба во партерот. Струмица исто така нема театарска зграда.
Новата зграда на МНТ се распаѓа заради неспособност за одржување на високите стандарди кои се поставија во технологијата која ја поседува, а следна слична е во Виена.
Културата ни се распаѓа. Како и се останато“-напиша тој.

Најнови вести