Преку Фондот за иновации се плаќаат партиски обврски во кампања“, рече адвокатот Александар Тортевски во вчерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Тортевски убедува дека исплатите на финансиски средства кон фирмите или поединци кои што Фондот за Иновации ги испаќа всушност бил вентил преку кој се исплаќаат партиските обврски платени за време на кампања.
Тој исто така смета дека и големиот број на советници на премиерот се исто така фиктивни вработувања за партијата да се раздовжи со тие лица преку вработување како советници на премиерот.
– Јас сум убеден и стојам зад тоа дека огромен дел од парите кои што Фондот за Иновации ги исплаќа, е вентил преку кој се плаќаат партиските обврски платени во кампања. Никој не може да ме убеди дека, нов дизајн за пластично шише е иновација платена 700 илјади евра, никој не може да ме убеди. Исто така, огромниот број на советници на премиерот, меѓу нив има доста луѓе кои што се раздовжуваат, партијата им се раздолжува преку вработување, практично фиктивно, во владата како советници на премиерот, рече Александар Тортевски.