Јас сум сопственик и имам имотен лист на земјиштето кое се наоѓа во близина на Универзитетот ФОН. За ова земјиште немам добиено никакво решение за данок, а објектот е граден со дозвола. Од 2017 до 2019 мене градоначалникот Борче Георгиевски ме држи под притисок. Ако нешто не е во ред нека каже, рече бизнисменот Киро Тошевски на гостувањето на телевизија Алфа.
Тој објаснува и како одела понатаму постапката, што се случуваше.
-Мене за земјиштето ми се јавуваше и извесен господин Ајдован кој бил сопственик на Хилтон кој ми рече дека му е важно каков поглед ќе има од Хилтон. Но, излезе дека е вклучен Вице Заев, брат на премиерот Заев и ми пратија адвокат Александар Тумановски исто струмичанец, по што отидов во Струмица и му се јавив на Вице. Имам доказ за комуникација со Вице, официјално 2-3 средби имавме, вели Тошевски кој зачудено продолжува:
-Имаве и еден разговор во кој Вице демонстрираше моќ, не знам како вика дека не ме знае кога ми рече и дека ја гледал и емисијата каде сум гостувал.
Тошевски вели дека има докази, кои и ги прикажа, за целата комуникација со Заеви.
– И ме лажеа дека има странски инвеститор и место странски инвеститор ми кажуваат за бизнисменот Азманов. Потоа ме информираат дека е во контакт со доктори кои сакаат да се отвора болница, рече Тошевски.