Кој го верификуваше писмото и кој гарантира дека Катица Јанева писмено и лично го напишала писмото кога самата адвокатка вели дека таа е во тешка физичка и психичка состојба, вели адвокатот Панче Тошковски во Отворено на 24 телевизија.
-Што ќе се случи доколку утре Катица Јанева изјави дека не се сеќава дека такво нешто не потпишала? Самата адвокатка на госпоѓата Катица Јанева кажа дека Катица Јанева е во многу тешка физичка и психичка состојба во притворското одделение во затворот Скопје. Така да истата на таа основа барала да оди во куќен притвор, потенцираше Тошковски.
Тој истакна дека ова е многу сериозно затоа што произлегува легитимитетот на сите останати постапки и тоа е почетен момент, се предаваат предмети се распределуваат обвинители и така натаму.
Тошковски притоа додава дека иако некои кажуваат дека немало потреба закон да се дефинираат и можело обвинителството туку така да си преземе, а пак јавниот обвинител пред два месеци на телевизија самиот кажа дека не можел туку така да ги преземе работите и дека некој очигледно координиран постапи така како што постапи, а притоа не постапи согласно одредби од законот за јавно обвинителство.