понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тошковски: СДСМ има една цел, амнестија на криминалот за три годишното владеење

Тошковски: СДСМ има една цел, амнестија на криминалот за три годишното владеење

Вечерва ќе се знае дали ќе останеме во Собранието во овие последни денови на овој состав. Повеќе од јасен е молкот на власта во врска денешната аудио снимка во која се слуша поранешниот премиер Зоран Заев. Но, не не зачудува. Сега излегува на виделина ставот на СДСМ дека не се за борба против корупција и криминал. Тоа се гледа и со законот за јавно обвинителство. Борбата не била за реформски закон за подобрување на позициите во борба со криминал, туку само обид за амнестија. Со денешните сознанија се поткрепи она што цело време го збори ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е на шверцерски начин да се протне законот за јавно обвинителство, рече Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ кој учествува на седницата на Извршниот комитет на партијата во изјава за телевизија Алфа.

Според него многу е јасно – целта е една амнестија на целокупниот криминал сторени за трите години од власт на СДСМ.

-Прекршена е целосно процедурата за носење на законот, прекршен е Деловникот, Уставот. Жално е што и покрај забелешките се нема слух. Посебно со член 110 има флагрантно кршење на сите стандарди каде под превезот на скриена амнестија сака да се изземе вина на функционери. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо . Жалам што на ваков начин продолжува да го протне овој закон мислам дека и во текот на утрешниот ден ќе продолжат на шверцерски начин да го протнуваат законот, рече Тошковски.

Тој додава дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за учество во работата на последните денови на овој парламентарен состав ќе биде донесен вечерва и јавно ќе се обзнани.

-Но, морам да потенцирам вакво однесување е срамно, текстот е срамен. Ни еден правник не дава позитивен коментар, рече Тошковски.

Најнови вести