четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тошковски: Во вештачењата на Управата за јавни приходи не постои долг за кој се терети фирмата Алфа Скоп

Тошковски: Во вештачењата на Управата за јавни приходи не постои долг за кој се терети фирмата Алфа Скоп

Адвокатот Панче Тошковски во гостување на емисијата Што не јасно на ТВ Алфа, вели дека верува дека има технички пропуст од страна на Управата за јавни приходи во однос на обвинувањата дека мајката фирма на Алфа, Алфа Скоп за даночно затајување, посочувајќи дека од вештачењата кои што тие го направиле не постои таков долг за кој се терети.

– Јас морам да кажам за наводен долг, бидејќи вештаците се тие кои што треба да го утврдат дали е така или не е така, согласно вештачењето кое што ние го имаме односно нашето вешто лице тврди дека таков долг не постои, е донесено решение кое што за одредена сума Алфа Скоп е задолжена да исплати на име на даночен долг, при што оваа сума како долг произлегува од дејствија кои што се сторени заклучно со 2013 односно 2014 година. И во однос на таквите решенија и во однос на таквиот долг кој што е констатиран од УЈП и во рамки на управна постапка е донесена конечна и правосилна пресуда, отпочната е кривична постапка која што се води исклучиво против правното лице по обвинителен предлог од страна на ОЈО, каде што во рамки на оваа постапка имаме две контрадикторни вештачења, вели Тошковски.

– Моментално сме во фаза да судот очекува да биде доставено до него супер вештачењето кое што ќе треба да ги расветли нејаснотиите и контрадикторностите од страна на двете вештачења, едното кое што го изработи ОЈО, другото кое што беше изработено по наше бара и се надеваме, односно ние сме убедени дека во таа постапка ќе ја докажеме невиноста на Алфа Скоп, додаде тој.

Тошковски смета дека судот ќе ги прифати доказите што ќе ги достават и ќе донесат ослободителна пресуда, бидејќи како што рече тој не може да му се суди на сегашниот управител за дејствија за кое тој тогаш не бил на позиција и не бил во можност да ги направи.

– И на крајот сме убедени дека судот од доказите кои што ќе бидат изведени ќе се увери во нашата невиност и ќе донесе ослободителна пресуда во однос на Алфа Скоп, затоа што е сторена техничка грешка во начинот на пресметка на долгот кој што наводно постои спрема државата, истакна Тшоковски

– Во делот на денешниот управител на Алфа Скоп, дејствијата кои што се преземени и за кои се води оваа кривична постапка се за дејствија до 2014 година кои што биле преземени, едноставно кажано сегашниот управител не бил на таа позиција. Не можел да стори нешто бидејќи не бил на позиција за да го стори. Сакам да верувам во правна држава и правен систем, за кое денеска се поретко го гледаме и сакам да верувам дека УЈП ова го има сторено како техничка грешка, не посветувајќи внимание на тоа кој бил управител во кој временски период, но едноставно не возможно е некој да има вина пред да се роди. Ако сегашниот управител станал управител во 2016та година, не возможно е да одговара за 2013 година, рече адвокат Тошковски.

Најнови вести