среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тошковски за Законот за јавно обвинителство: СДСМ не може да разбере дека неправото не може да не донесе до правда

Тошковски за Законот за јавно обвинителство: СДСМ не може да разбере дека неправото не може да не донесе до правда

Во утринско гостување во „Утрински брифинг“, Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ говореше за Законот за јавно обвинителство и рече она што ВМРО-ДПМНЕ го предлага за овој закон го потврдија и експертите. Имено тој посочи дека всушност станува збор за сите постапки кои што се влезени во судска постапка и сите постапки кои што не се влезени во судска постапка, Судот, Јавното Обвинителство и институциите да ценат која цена како ќе продолжи согласно важечки процесен закон.

-Овој закон е материјален закон, закон кој што не дефинира процесни дејствија кои што би требало да продолжат или би требало да запрат, тоа е недозволиво, недопуштено, правно неиздржано. Се знае кој закон што дефинира, законот за кривична постапка си има многу добри процесни одредби кој што си дефинираат правила на игра и единствено по нив Судот и Јавното Обвинителство може да се водат во овие процеси за на крајот ние да дојдеме до правда. Каде е проблемот на другата страна? Не можат да разберат и не можат да прифатат едно основно правило, а тоа е неправото не може никогаш да не донесе до правда, со неправото единствено може како со глава во ѕид да удри и на крајот на денот последицата е јасна, истакна Тошковски.

Имено тој во своето гостување го посочи и следново:

-Ние година дена преговараме, јас аргумент во однос на преодни и завршни одредби не чув од страна на Десковска. Еве друга конкретна работа што е дефинирана во преодните и завршните одредби кои што се предложени од страна на министерката Десковска, со име и презиме уште не испишано кој требало да продолжи да го води постапките. Како може во еден закон со име и презиме да се дефинира кој конкретен предмет кој обвинител ќе го работи.

Тошковски во своето гостување додаде дека овој предлог закон за јавно обвинителство е критикуван од професорот Тупанчевски, од професорот Калајџиев, од професорката Силјановска, професорот Климовски, професорката Каракамишева и сите останати експерти кои што дојдоа на јавната расправа.

Најнови вести