среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тозиевски: 150 ученици останаа без превоз кој им е загарантиран, градоначалничката на Битола не сака да потпише

Тозиевски: 150 ученици останаа без превоз кој им е загарантиран, градоначалничката на Битола не сака да потпише

Денес во Ресен се случи немил настан каде околу 150 ученици од Општина Ресен кои што средното образование го продолжиле во Битола, останаа без превоз, кој впрочем им е загарантиран од Министерството за образование и наука бидејќи како што знаеме средното образование е бесплатно и задолжително, истакна на денешната прес-конференција Јован Тозиевски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ресен

-Околу 150 ученици и нивните родители останаа на милоста на градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која не сака да потпише овие деца да го добијат она што им следува, иако паричните средства се добиваат преку блок дотациите од надлежното министерство. Учениците не ги интересира дали превозот чини четрсто или четиристотини денари како што милува да каже градоначалничката. Локалната самоуправа на Ресен иако не е надлежна за овој проблем, сепак можеше да биде солидарна со овие деца и да апелира до градоначалничката на Општина Битола за да биде надминат овој проблем, а не брутално да ги набрка родителите, како овие деца да не се дел од нашата Општина, нагласува Тозиевски.

Тој вели дека доколку проблемот не биде решен родителите се закануваат со порадикални мерки.

-Ја повикуваме градоначалничката која воедно доаѓа од секторот средно образование дали овие деца треба да се школуваат или пак треба да седат дома заради задоволување на некои свои лични страсти. Господа, дали ова се вашите европски вредности?, прашува претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Ресен.

Најнови вести