недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТРАГЕДИЈА: Момче од Куманово загина во Тирана при пад од балкон

ТРАГЕДИЈА: Момче од Куманово загина во Тирана при пад од балкон

Трагичен настан се случил вчера попладне во Тирана, кога 28-годишно момче од Северна Македонија паднало од балкон на хотелот „Рогнер” и починало, јави Топ чанел.

Според истиот извор, станува збор за гостин во хотелот, кој во моментот кога се потпрел на металната ограда на балконот, таа се откачила и тој паднал.

– Првичните сознанија од истрагата потврдуваат дека металната ограда не била добро фиксирана и како последица на тоа момчето паднало од голема височина, односно од петтиот кат на хотелот. На местото каде што било паднато телото била и металната ограда. Истрагата продолжува, се наведува во полициското соопштение.

Момчето веднаш било пренесено во болница, каде им подлегнало на повредите.

Дел од албанските медиуми наведуваат дека станува збор за момче од Куманово, кое во Тирана допатувало на неколкудневен одмор од Швајцарија.

Најнови вести