14-месечно бебе од тетовско почина на скопските клиники, дознава КУРИР.
Детето починало на Детската клиника.
Информацијата за КУРИР ја потврдија и извори од Министерството за здравство.
Ова е третото дете жртва на морбилите. Состојбата станува алармантна.
Заразено од мали сипаници, почина бебе од Свети Николе, а животот го загуби и 6-месечно бебе исто така од компликации предизвикани од морбили.
Уште неколку деца се наоѓаат во критична состојба, а бројот на заразени од морбили, расте секој ден.