петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Траги-комичен оглас за вработување во Македонија: Бараат лице за спроведување на јавни набавки кое завршило кинезиологија

Траги-комичен оглас за вработување во Македонија: Бараат лице за спроведување на јавни набавки кое завршило кинезиологија

Да не беше смешно ќе беше трагично.  Моментално е распишан оглас за вработување на помлад соработник за јавни наваки во одделениe за координациија на јавни набавки, Сектор за организaциони работи на министерството.

Во огласот се бара од личноста што треба да се вработи да има завршено, верувале или не, кинезиологија.

За да биде појасно за што станува збор кинезилогоијата е наука за движење на човековото тело.

Кинезиологија се фокусира на физиолошкиот развој, биомеханичкиот како и на психолошките и динамички принципи на механизмите на движење.

Кинезилогијата вклучува биомеханика и ортопедија; сила и кондиционирање; спортска психологија; методи на рехабилитација, како физичка и работна терапија; и спорт и вежбање.

Значи, оваа личност треба да ги поседува сите овие работи се со цел подобро да ги спроведе јавните набавки во министерството.

Се поставува прашањето: Дали  овој оглас е наменет за веќе однапред избрана личност? Досега не е забележан ваков пример во Република Македонија каде на место за јавни набавки се бара од лицето да биде кинезиолог.

Наивно ќе биде да се верува дека ова е пропуст или ненамерна грешка. Во последно време се почето можат да се забележат вакви апсурдни огласи во државната и јавната администрација.

Очигледно безидејноста како да ги вработат нивните партиски кадри ги доведува до вакви траги-комични огласи.

„Животот“ во Македонија дојде, но не за граѓаните туку за партиските кадри на СДСМ кои на ваков дрзок начин си поигруваат со интелегенцијата на луѓето.

 

Најнови вести