среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трајанов: Ако некој од министрите на ДУИ биде предмет на обработка, за три дена ќе падне владата, не смеат да помислат

Трајанов: Ако некој од министрите на ДУИ биде предмет на обработка, за три дена ќе падне владата, не смеат да помислат

Седум институции имаат уставни и законски надлежности да се борат за сузбивање и откривање на криминал, но сите до една се високо исполитизирани и партизирани. Нема носител на тие институции кој не е партиски од партиите кои се на власт, нема институција која е независна, изјави лидерот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов во „За или против“ на Алфа.

Според него нема институција независна, не можат да започнат оперативна истрага.

– Не смеат да помислат. Замислете некој од министрите на ДУИ да биде предмет на обработка, за три дена ќе падне владата. Проблемот е што имам директни условувања директни закани да не се открива, рече тој.
Тој посочи дека почна ВМРО-ДПМНЕ да напаѓа функционери од ДУИ и веднаш почнаа тоа да го припишуваат дека е антиалбанска кампања, што не е точно.

– Ако прави Албанец криминал, тоа е против Албанците, а ако прави Македонец или Србин може да го гоните? Верувам дека обичните граѓани од Албанците сакаат да видат силна борба против криминалот и корупцијата. Тие исто така работат, создаваат доход а некој го собира тој доход, истакна Трајанов.

Трајанов изјави дека вака како што стојат работите партиите во власта некој од носителите на функции нема да настрада или тоа да биде основа за пад на владата. Затоа баравме независна институција, никој да нема влијание.

Најнови вести