среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трајанов: Овој попис е неуспешен, бројките не се одраз на реалната слика во Македонија и во дијаспората

Трајанов: Овој попис е неуспешен, бројките не се одраз на реалната слика во Македонија и во дијаспората

„Јас знам дека оперативните евиденции не се функционални. Пописот според мене мислам дека со сите тие забелешки што ги има треба да се отстранат за да биде успешен. Ако во пописот и понатаму останува нерезидентно население тоа е тотално погрешен и неуспешен попис. Вака како што е пописот за мене е неуспешен. Не можам да дадам поддршка на податоци кои што не се одраз на реалните и на фактичките состојби во државата дури и во миграцијата“, истакна Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз во утринската емисија „Студио 10“.

Трајанов додаде дека пред еден месец имал информација дека околу 150.000 граѓани не се изјасниле за националност и не се попишале. А, околу 50.000 граѓани се попишале како резиденти,а ама сепак не живееле во Македонија. И со право граѓаните не го одобруваат пописот. Овој попис не е одраз на реалната слика во Македонија и за дијаспората.

„Кој е тој што ќе тврди дека овој попис е успешен? Ако се гледа дека од 132.000 граѓани тука не се вградени по сите други параметри, туку само како бројка постојат. Ако се гледа дека само 56-60.000 Македонци се попишани во странство. Како може да тврдите дека пописот е успешен“, запраша Трајанов.

Трајанов посочи дека нема граѓанин во оваа држава што може да се убеди дека пописот е успешен.

„Некои претставници на власта тврдат дека над 99% се попишани. Како над 99%? Кога е сосема друга бројка“, рече Трајанов.

Најнови вести